ДИК усвои 4 приговори за Струга – Бедредин Ибраими ја напушти седницата (Видео)


Државната изборна комисија усвои четири приговори поднесени од ВМРО-ДПМНЕ за изборни нерегуларности во вториот круг од гласањето во Струга.
dik sednicaПоради тоа, членот на ДИК од редовите на ДПА, Бедредин Ибраими, ја напушти седницата, а Субхи Јакупи ја обвини комисијата дека гласа по етничка линија.
По резултатите од вториот круг разликата помеѓу Зијадин Села кандидат на ДПА за Струга и Владимир Кочоски заеднички кандидат на ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ е околу 5.000 гласа.

Доколку резултатот од гласачките места за кои се прифатени приговорите од ДИК може да има влијание врз конечниот исход, во Струга ќе има прегласување на вториот круг. За одлуките на ДИК, партиите имаа право на жалба до Управниот суд.

Видео – Бриф.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1