Според податоците објавени на веб-страницата на ДИК, за градоначалник на Скопје обработени се 95,04% отсто од гласовите.
Според овие податоци, независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска освоила 81.026 гласови, додека кандидатот на СДСМ Петре Шилегов освоил 74.890 и според тоа тие двајцата ќе се соочат во вториот круг на 31 октомври.