Дилер на дрога во Велика Британија е казнет на необичен начин за своите криминални дела. Тери Бенет признал дека е виновен за поседување 900 грама марихуана. Судијата наредил да напише есеј од 5.000 зборови на тема опасност од дрога и нивно штетно влијание врз општеството.
Судијата се одлучил за таков вид казна бидејќи Бенет има повредено рамо и не е способен за работа во заедницата.
– Казната беше своевиден шок за мене бидејќи помина многу време откако го напишав последниот есеј. Судијата рече дека мора во есејот да пишувам само за негативни работи за марихуаната, бидејќи е илегално поседување, изјави Бенет, пренесе Мирор.
Првично бил казнет со една година затвор условно и 240 часа општествено корисна работа, но подоцна казната е преиначена. Рокот до кој мора да го напише есејот е 4 април. Во спротивно го чека затвор.