Димитриев: Го осудувам насилството од секој облик


Македонија вчера преживеа драматичен,непријатен, тежок и непосакуван ден, за жал бевме сведоци на настани кои не му одговара никому и од кои сите ние како граѓани сме засрамени пред се заради имиџот на Република Македонија, изјави Емил Димитриев на прес конференција во Владата на Република Македонија.emil-dimitriev-vlada-640x313

-Го осудувам насилството од секој облик, физичкото насилство врз пратениците, насилството кое го доживееја и граѓаните и насилството врз процедурите, деловникот, законот и уставот. Би сакал на повредените што побрзо да оздрават и враќање на состојбата во нормала, го осудувам интонирањето на странска химна во Макдонија, го осудувам изборот на незаконското избирање на претседател на собранието и ускратување на правото на пратениците и овие две работи претставуваат грубо нарушување на правото на владеење, ваквото незаконско постапување во собранието треба да биде поука за сите дека во иднина не треба да се преземаат останати неделовнички, незаконски и изнасилени чекори во Собранието, истакна Димитриев.

Тој вели дека не се согласува и со обидот на министерот за внатрешни работи Арбен Нухиу да персонализира некаква наводна одговорност во директорот во бирото за јавна безбедност Митко Чавков и во полициските професионалци.

-Истовремено сум вознемирен и жалам за некои иформации за прекумерна употреба на сила врз некои граѓани од страна на некои полицајци ако бев информиран дека тактичкото постапување на полицајците било согласно.  Би истакнал дека институциите функционираат и ќе функционираат, уставот и законите мораат да се почитуваат, демократијата е можна само преку почитување на уставот и законите. Апелирам за смиреност и разумност кај сите политички партии, ги повкувам граѓаните на смиреност, зачувување на квалитетот на меѓуетничките односи, а поделбите не водат кон доброто и сега е потребно повеќе од порано да покажеме заедништво и обедување околу најдобриот интерес на Република Македонија, потенцираше Димитриев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1