Димитриев не прифати еден од министрите на ДУИ: Се поклонил на споменик на УЧК


Беким Максути не доби виза од премиерот Емил Димитриев да биде предложен за нов заменик-министер за одбрана, дознава „Дневник“.maksuti-650x396

Причина за тоа е што Максути во 2012 година во униформа на АРМ се поклонил пред споменикот на УЧК во Слупчане. На листата со министри што денеска треба да бидат гласани во Собрание не се наоѓа името на Максути.

Во 2012 година министер за одбрана беше Фатмир Бесими, а сегашниот премиер Димитриев беше заменик-министер за одбрана кој побара дисциплинска постапка за Максути.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1