Оваа битка ќе биде многу жестока и сурова, но да не упаднеме во однапред подготвено сценарио според кое ќе настане вистински, дури и физички судир помеѓу Македонците, истакна Братислав Димитров од ГДОМ на трибината одржана во Охрид.
-Тогаш тие сили што не и мислат добро на Македонија можат едноставно и брзо да направат и класичен протекторат. Јас верувам дека оваа политичка поплава има и добра страна, цело ѓубре исплива на површина од сите можни аспекти и јас сум сигурен дека правдата, правноста е на наша страна и дека треба да излеземе од овој кошмар и хаос со помалку гребнатинки затоа што животот продолжува и од 12 декември натаму, потенцираше Димитров.