Најмалку што Еропската унија му должи на регионот е да биде директна со нас. Ова го напиша денеска министерот Никола Димитров.
„Благодарност до сите лидери кои се бореа за отворање на преговорите заедно со нас, признавајќи го и потврдувајќи го историскиот Преспански Договор, но и поттикнувајќи ги домашните реформи и европскиот наратив на Северна Македонија, земја кандидат веќе 14 години. Додека чекаме нов консензус, ние мораме да продолжиме да ги браниме европските вредности дома“, напиша Димитров.