Рускиот дипломат е протеран од земјава не само поради солидарност со Британија и ЕУ за случајот Скрипал туку и поради тоа што излегол од рамките на својот мандат. Министерот Димитров тврди дека постојат докази оти дипломатот со своите активности ја загрозил безбедноста на Македонија
Сепак, Димитров уверува дека ова нема да ги наруши пријателските односи мегу двете земји .
Тонско Мегу пријателите понекогаш има недоразбирања, а кога тие ке се надминат пријателството ке биде посилно.
Руската амбасада за случајот се изјасни преку твитер. И покрај нашите напори да стапиме во контакт со амбасадорот, тој остана недостапен. Во краткото соопштение на интернет се вели:
Македонската влада протера руски дипломат од Скопје. Тоа е исклучително непријателски, неоправдан чекор , кој нема преседан во руско-македонските односи. Одговорноста за последиците ќе биде целосно на македонска страна.
За разлика од Македонија, Австрија како членка на ЕУ нема намера да протерува руски дипломати, иако е солидарна со Британија. Министерката Карин Кнајск вели дека нејзината земја гради неутрална надворешна политика.
И поранешниот министер за надворешни Милошовски потсетува дека не сите членки на ЕУ но и на НАТО се дрзнаа на ваков чекор против Русија .
„Се сомневам дека пред да ја донесат одлуката за протерување на 1 руски дипломат од Македонија @VladaMK и @NDimitrovMK не направиле проценка зошто – Словенија, Грција, Бугарија, Словачка, Белгија и Португалија (ЕУ/НАТО членки) и Австрија (ЕУ) не донеле иста таква ризична одлука“.
Најмногу руски дипломати за случајот поврзан со ижубиството на двојниот шпион Скрипал протераа САД, 60, а од ЕУ се приклучија и околу 16 земји од Унијата мегу кои и Хрватска. Од нсоседствот двајца допломати на Русија протера Албанија.