Димитров за случајот во кратовско: Фрапиран сум, треба да се забрани фразата „не сме надлежни“


Постот на лекар од Кратово кој интервенирал да спаси овчар од планински предел во Кратово, а немал никаква помош од надлежните предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, а со реакција излезе и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Тој вели дека случајно го прочитал постот на Павле Зафиров, една неверојатно трогателна приказна за пожртвуваност, човечност и професионалност испреплетена со сведоштва за нефункционалност на институциите и непреземање на одговорност и вели дека е фрапиран од неодговорноста.
„Зафиров како доктор сведочи за повеќечасовна битка да се спаси човечки живот, да му се помогне на повреден овчар во завеан планински предел крај Кратово, битка во којашто повиканите институции не се одзвале да помогнат.
Според ова сведоштво, Центарот за управување со кризи не бил надлежен, Противпожарната единица не можела да помогне, Општината не била достапна, оставајќи го овој млад лекар заедно со медицински техничар и шофер и неколку роднини на повредениот (вклучително неговата 90 годишна мајка) 5 часа на раце да го носат овчарот во импровизирано носило низ козји патеки.
Фрапиран сум од оваа ноншалантна демонстрација на префрлање на одговорност. Мислам дека во државава треба да се забрани фразата: не сме надлежни.
Јас како носител на јавна должност, јас како граѓанин, јас како човек… јас самиот чувствувам одговорност за оваа поразителна слика.
Ова не смее да биде сликата за нашата Македонија.
Сите директно повикани, но и сите ние како јавни функционери, сме должни да притискаме и да се бориме за како што и самиот Зафиров вели – да се постават правила, принципи и стандарди.
Итно е потребна ревизија на процедурите во вакви случаи, строго делегирање на надлежности и се разбира одговорност.
Правилото мора да биде како да се реши проблемот, наместо како да се најде оправдување за да не се делува.
Капа долу за пожртвуваноста, професионалноста и неверојатната големина на човечката душа што овие луѓе ја покажале во време кога токму солидарноста и емпатијата се на најсилен тест.“ пишува Димитров.
Во текот на вчерашниот ден Павле Зафиров објави дека добиле повик за помош на завеано во едно од најоддалечените планински места во Кратовската општина. По извозени четириесетина километри и пешачење низ стрмен пат стигнале до местото.

Како што наведува тој, ситуацијата која ја затекнале била трогателна. Овчарот бил паднат на патеката која од неговата куќа води до трлото и таму на поларни температури минал повеќе од 12 часа.

Кога конечно го внече овчарот во куќата сфатиле дека ситуацијата е лоша и ќе има потреба од болнички услови побарале помош од надлежните институции, но добиените одговори кај нив предизвикале само разочарување.

На крајот тој вели дека свесен за цената на секој човечки живот донел одлука, овчарот на импровизирана носилка да го пренесат низ непристапниот предел.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1