Димовски: Сакаат да изберат потпретседатели за да го менуваат Џафери во вечерните часови


Мнозинството сака да направи класично силување на демократијата. Штотуку добивме порака дека имаат намера да го стават на дневен ред гласањето за потпретседатели на Парламентот, за да има кој да го менува Талат Џафери во вечерните часови и да ги води седниците, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Како што кажа тој, тезите дека Собранието е пред блокада поради опозицијата и поднесените над 32.000 амандмани, се неточни бидејќи Џафери како претседател на Собранието може да ја менува динамиката и дневниот ред на седниците, па наместо да го става законот за јазици, да ги стави оние приоритетните реформски закони.

– Како што знаеме, Законот за употреба на јазиците не е приоритетен и тоа го кажа и еврокомесарот Јоханес Хан – рече Димовски.

Тој побара пауза бидејќи, како што рече, на почетокот на седницата добиле мејлови со материјали за предлогот за изборот на потпретседатели па им треба време да ги разгледаат.

Пред Џафери да даде пауза, тој одговори дека никој не спори што тие одлучиле да го бојкотираат Собранието, тоа е политика одлука, но работа на Собранието посочи собранискиот спикер, е да заседава и носи одлуки додека постојат услови тие да се легитимни.

За изборот на потпретседателите, рече Џафери, досегашните девет месеци биле доволни за да разберат дека Парламентот може да функционира и вака бидејќи тој секогаш е присутен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1