Директор од Радовиш си купил мебел за дома на сметка на училиштето


НК за КР Радовиш поднесе кривична пријава против С.Ј.(42) од с. Раклиш-Радовиш директор во ООУ „Коста Рацин“ во с. Подареш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против Ж.А.(46) од Радовиш благајник-администратор во ООУ „Коста Рацин“ во с. Подареш поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „соизвршителство“ и „фалсификување исправа“.stan pari kukja

Во декември 2014 година, пријавените од салонот за мебел во Струмица извршиле нарачка на мебел, а на профактурата се потпишала второпријавената, по што мебелот во два наврати бил доставен во домовите на пријавените.

Потоа Ж.А. мебелот го внела во пописните листи на училиштето кои подоцна ги предала на училишната пописна комисија да го потпишат како присутен инвентар во училиштето. Со ова пријавените го оштетиле буџетот на Р Македонија во износ од 28.673 денари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1