Директор за пример: Им позајмив пари на работниците оти од платата не им останува ништо!


Изјави Ѓуро Хорват, Директор и сопственик на Меѓумурје компанија која работи со ѓубре во Хрватска. На работниците им позајмивме 250.000 куни за банките да им ги симнат блокадите. Тој вели дека платил 30 проценти данок на добивка за да им ги даде овие пари на работниците и дека они ќе ги вратат на рати во следните години, но без камата. Ова е мерка за 25 новодојдени вработени чии сметки беа блокирани. Иако нашите плати се релативно високи и просекот изнесува околу 1200 евра вели Гуро Хорват, новодојдените вработени се од компаниите кои банкротираа и не им исплатија плати на вработените и тие насобрале банкарски долгови на нивните банкарски сметки.

Шефот за финансии ми рече дека откако ќе им плати плата, ништо не им останува за живот. Затоа решив да земам дел од својот профит и да им помогнам да ги отплатат долговите, објаснува Ѓуро Хорват, директор на Техникс. “Работниците се нашиот најголем капитал“. “Реагирав како човек кој се обидува да развие морален капитализам, бидејќи сум свесен дека компанијата се потпира на луѓе кои се задоволни.

Само таков работник може да се произведе еден производ и да им помогне на сите нас да создадеме нова вредност – продолжува Хорват, додавајќи дека се надева дека неговото дело ќе ги охрабри другите работодавци да им помогнат на своите работници, но, исто така, вели дека Хрватска треба да ги намали даноците и придонесите. Износите на платените долгови се движат од 5.000 до 25.000,00 куни. Секој од вработените со ентузијазам ја прифати помошта. Работниците кои ги добија овие заеми не се заинтересирани за настапи во медиумите, затоа што доаѓаат од малите градови и не сакаат публицитет, но јас сум среќен што можам да обезбедам ваков пример за тоа како е да се работи во најдобар интерес на човекот, затоа што, како што реков, работниците се нашиот најголем капитал – објаснува Ѓуро Хорват од Доњи Краљац кај Прелог.

Во неговата компанија која се занимава со отпад, производство, дизајн и сервисирање на машини во еколошката индустрија работи и Кристијан Печарко, програмер на ЦПУ машини. – Слушнав за овој заем на моите колеги. Во компанијата сум веќе 15 години и не сум во таква ситуација, но можам да ви кажам дека овој гест е многу охрабрувачки за сите. Многу од моите колеги имаат мали деца, а банките им вртат грб. Многу сум задоволен тука и можам да кажам дека ова е многу добра компанија – рече Кристијан Печарко.

Просечната плата изнесува 1200 евра. Работниците се како семејство тука, додава Хорват, тука се нивните колеги пријатели, играат фудбал во недела и, секако, поубаво им е дома од странство, рече Хорват. Во нашата компанија има 22 работници кои се вратиле, односно кои работеле во Германија и други земји и одлучија да се вратат дома. Хорват додава дека тоа не е единствената мерка која сака да ја промовира за подобар живот за своите вработени. Сите ново вработени почнуваат со 5% поголема плата од претходните компании каде што работеле.

Сите вработени имаат и тринаесета плата. Во моментов има имаме 400 вработени и се надеваме дека бројот ќе изнесува 600 вработени. Следно што се планира е просечната плата од 1200 евра да дојде до 1500 евра.
– Помина времето на тајкуните. Сега конечно дојде време за партнерите и пријателите како што сакам да ги гледаме сите наши вработени – заклучи Ѓуро Хорват.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1