Кинеската полиција уапсила директорка на градинка и нејзиниот помошник поради смрт на две девојчиња од конкурентската градинка, а кои починале откако испиле јогуст со отров за глувци, јавија денес кинеските државни медиуми.
Девојчињата од пет и шест години починале откако го испиле јогуртот кој го нашле во торбите на пат кон градинката.
Директорката на градинката и нејзиниот помошник признале дека отровот го ставиле во јогуртот и истиот го оставиле на улица.
-Нивната намера била да ја уништат репутацијата на конкурентската градинка, пишуваат локалните медиуми.
Неименуван наставик изјавил дека убиствата се последица од непостојаниот надзор во приватните градинки.