Директорката на градинката „Кочо Рацин“ ги демантира тврдењата на Првата детска амбасада „Меѓаши“ и на родителите, кои вчера на прес- конференција изјавија дека ја бојкотираат наставата поради необразложено отстранување на една воспитувачка.
Директорката на инстутицијата, Габриела Алабашовска, вели дека има законска ингеренција да ги распределува вработените според потребите за поефикасно работење. Информира дека посочената воспитувачка е префрлена во друг објект во рамки на истата градинка, откако повеќе родители искажале нездоволство од нејзината работа со децата.
„Процесот на згрижување се одвива тековно и без проблеми“- вели директорката на градинката, Габриела Алабашовска.