По повеќемесечен притисок поради слабите деловни резултати, извршниот директор на шведски „Ериксoн“, Ханс Вестберг, поднесе оставка во понеделник, известија од тој производител на опрема за мобилни мрежи.
Вестберг, кој беше на чело на Ericsson од 2010 година, последните месеци беше изложен на притисок од шведските медиуми кои сѐ повеќе ја критикуваа неговата работа, особено по објавата на кварталниот неуспех во април, кога цената на акциите на компанијата падна за 15 отсто во само еден ден.
Неговата оставка доаѓа само еден ден по објавата на деловните резултати за второто тромесецие, при што се покажа пад што е седми квартал по ред.
Шведскиот гигант во производство на опрема за мобилни мрежи, Ericsson, минатиот вторник, извести за остар пад на добивката во второто тромесечие во однос на една година порано и најави дополнителни намалувања на трошоците поради подобро прилагодување на послабата состојба на пазарот.
Нето добивката на Ericsson во вториот квартал во 2016 година во споредба со ланката е намалена за 24 отсто, на 1,6 милијарди шведски круни. Оперативната добивка изнесува 2,8 милијарди круни (327 милиони долари), наспроти 3,6 милијарди од истиот период лани.
Приходите исто така за тој период се намалени за 11 отсто и изнесуваат 54,1 милијарди круни.
Меѓу главните причини за послабите резултати од Ericsson ја издвојуваат продажбата во сегментот на мобилниот широкопојасен интернет која особено е погодена на пазарите на кои делува макроекономското опкружување.
Продажбата во тој сегмент продолжи да паѓа особено на послабите пазари како Бразил, Русија и на Блискиот Исток.
Во Европа пак, довршувањето на проектите врзани за мобилниот широкопојасен пристап на интернет во 2015 година продолжи да има негативно влијание на растот на продажбата.
До пронаоѓањето на наследник на Вестберг, компанијата ќе ја води директорот на финансии Јан Фрикхамар.