Директорот на Мекдоналдс доби отказ поради врска со вработена


Американскиот синџир на брза храна Мекдоналдс го отпушти извршниот директор Стивен Истербурк поради интимна врска со вработена.

Директорот доби отказ бидејќи неговото однесување претставува кршење на политиката на компанијата.

Во електронската пошта која ја испратил во вработените, тој признал дека бил во врска со една вработена и дека тоа било грешка.

Мекдоналдс соопшти дека Истербурк ја прекршил политиката на компанијата која им забранува на менаџерите да имаат романтична врска со вработени. Компанијата не соопшти детали.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1