Директорот на Велешкиот музеј ги украл “тетрадрахмите“ со ликот на Александар


Секторот за внатрешни работи Велес го реализираше случајот со пријавената “кражба“ во локална установа „Народен Музеј“ – Велес, каде што беше пријавено дека се украдени две сребрени монети т.н. “тетрадрахма“ од времето на Александар Македонски.

krazba_veles_muzej_10.09.2013Притоа до надлежното ОЈО поднесена е кривична пријава против лицето П.К. (46) од Велес, директор во Народниот Музеј Велес, поради основи за сомнение за сторени кривични дела “кражба“ и “злоупотреба на службена положба и овластување“ .

Имено, по примената пријава за кражба извршен е увид на лице место пришто подигнати се отисоци и предмети од местото на настанот. По направените анализи констатирано е дека подигнатите отисоци од лице место се совпаѓаат со провизорните отисоци од сега пријавениот. На ден 05.09.2013 година истиот е повикан во просториите на Секторот за внатрешни работи Велес каде е обавен разговор со него. Од истиот одземени се двете сребрени монети “тетрадрахма“ со ликот на Александар Македонски и со потврда се вратени на овластено лице во Народниот Музеј.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1