Директорот си ја намалил платата за да им ја покачи на вработените – еве како го наградиле


Пред една година, светот пишуваше за Ден Прајс – директор на „Гравити пајментс“, а и, веројатно, најдобриот директор во светот.direktor

Компанијата на Прајс работи од 2004 година, и тоа, според ланскиот извештај – мошне успешно: пред две години имала обрт од 6.5 милијарди долари. Сметајќи дека голема заслуга за тоа имаат и неговите 120 вработени, тој пред една година си ја намали својата годишна плата за да им даде покачување. Прво, ја покачил годишната минимална плата за сите во фирмата на 70.000 долари т.е. за 20.000 долари повеќе од претходно. Второ, си ја намалил својата плата од 1 милион долари – на минималната сума од 70.000 долари.

-Општиот однос на извршните директори кон обичниот човек е апсурден. Јас сакам да ги променам работите – рекол тогаш Ден.

Сега, една година подоцна, вработените во Гравити се здружиле за да му се оддолжат што е вистинска легенда од човек. Последните 6 месеци заеднички собирале пари за да му го купат единственото нешто за кое често зборувал дека сака да го има – „тесла“.

И се случи. Освен еден шегобиец од редовите на вработените, во багажникот му оставија и табла на која пишувало:

-Ден. Ти благодариме што секогаш го ставаш тимот пред себе. Овој подарок е нашиот начин да ти покажеме колку многу ни значи твојата жртва.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1