Дисквалификуван од „Ѕвездите на Гранд“ затоа што не потпишал договор со продукцијата?!


Учесникот на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ Армин Бједиќ успеа да се пласира во 6.от круг од натпреварувањето по што му бил понуден договор од Гранд продукција. Но тој наводно се откажал од потпишувањето на договорот откако детално го прочитал.

Дел од српските медиуми пишуваат дека Армин поради ставот кон понудениот договор е дисквалификуван, а неговите снимки се веднаш избришани од Youtube каналот на продукцијата, а вратите на Гранд продукција му се засекогаш затворени.

armin-dis

Армин се огласи и објасни зошто го одбил овој договор.

-На сите што ме поддржуваат им потврдувам дека е вистина тоа што се пишуваше изминативе денови и дека повеќе не сум учесник на „Ѕвездите на Гранд“. Директно поминав во шестиот круг, а после тоа ми беше понуден договор кој не сакав да го потпишам од лични причини.

– Сакам да дополнам дека не е точно дека дојдов во конфликт со Саша Поповиќ, ниту со кој било друг од Гранд Продукција како што се пишуваше во некои медиуми. Со оглед на тоа што не го потпишав договорот го изгубив правото на понатамошно натпреварување. Исто така сакам да им заблагодарам на сите за понудената можност, одвоеното време и разбирање. Јас ќе продолжам да се борам за својата кариера и сите ќе бидат навремено известени за моите настапи – напиша Бједиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1