Дисциплинскa за полицајците кои апсеа членови на Левица


По наредба на министерот Оливер Спасовски, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди изврши проверки за настанот во саботата при протестот по повод презентацијата на воена, медицинска и техничка oпрема во Скопје, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

– Утврдено е дека од страна на четворица полициски службеници врз четири лица неосновано била употребена физичка сила, а над тројца од нив без основа е употребено средство за присилба- врзување со лисици. Против полициските службеници кои што ги пречекориле службените овластувања и постапиле спротивно на член 83 и 85 од Законот за полиција ќе бидат преземени дисциплински мерки согласно Колективниот договор на МВР и ќе биде известено надлежното јавно обвинителство во Скопје – рече Ангеловски.

Полицијата во саботата приведе четворица членови на партијата Левица на плоштадот во Скопје за време на презентација на воената опрема на САД и на АРМ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1