Дизелот ќе поскапи за 3,54


Во рамки на Буџетот за 2018 година планирани се вкупни приходи на 193, 5 милијарди денари, односно 4,7 отсто повисоки од годинава. Расходите се планирани на 211, 7 милијарди денари, односно 4,1 отсто повисоки од годинава. Буџетскиот дефицит ќе изнесува 18, 2 милијарди денари, односно дефицит од 2,7 отсто од БДП.Овие мерки предложени од Министерството за финансии се дел од предлог буџетот за 2018 година кој во моментов е на јавна расправа пред да биде пратен во Владата, која пак до 15 ноември треба да го прати во Собранието.

Финансирањето на дефицитот ќе биде од домашни и надворешни извори. Се разгледува можност за еврообрзница доколку условите на пазарот бидат поволни за нашата земја бидејќи главна цел на Владата е граѓаните што помалку да бидат задолжувани.

Нема да има големи даночни промени во 2018 година, бидејќи тие се очекува да почнат да се реализираат од 2019 година. Но, од 1 јануари 2018 ќе има зголемување на акцизата за нафта за 3 денари. При што се очекува ефект во буџетот односно да се соберат 1,6 милијарди денари кај акцизата и 350 милиони денари кај ДДВ-то. При тоа малопродажната цена на дизелот ќе се зголеми за 3,54 денари.

Најмногу капитални инвестици ќе има во образованието и во здравството, а е планирано зголемување на платите за 5 проценти во здравството, образованието, градинките и армијата, како и редовното зголемување на пензиите и надоместоците за социјала.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1