Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар, а цената на бензините останува непроменета.
Според Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на дизелот ќе изнесува 48,50 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство 37,50 денари.
Се намалува и цената на мазутот и ќе изнесува 19,2 денари за килограм.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 42,8 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 57,7 денари за долар.