Дневниот весник „Фокус“ нема да излегува до понеделник


Дневниот весник „Фокус“ вчера не се најде на продажните места, а најавите се дека нема да излегува ниту до понеделник. Идната недела треба да се донесе одлука што ќе се случува понатаму со дневниот весник, по трагичната смрт на неговиот основач и сопственик, новинарот Никола Младенов.

fokus2Единствена причина поради која дневниот „Фокус“ не излезе е одлуката на наследниците на Младенов, работењето да го стават во привремено мирување.

На новинарите и на уредниците им било соопштено дека весникот нема да излегува се’ до понеделник, за кога е закажана средба на која ќе се одлучува што понатаму.

„Одлучивме да паузираме. Весникот е приватна сопственост и околу неговото натамошно излегување ќе одлучат неговите сопственици. Моето лично мислење е дека дневниот ’Фокус’ ќе продолжи да излегува“, вели за Утрински весник заменикот главен и одговорен уредник, Бранко Героски.

Една од поголемите пречки пред кои сега се исправени сопствениците на дневниот „Фокус“ се тужбите кои се поднесени против нивните новинари, уредници и секако досегашниот сопственик. Со веќе поднесените тужби од „Фокус“, во граѓански парници, се бара надомест на штета од 75.000 евра.

Утрински весник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1