ДНК профилот од родителите на Дениса пратени во Грција


Во текот на вчерашниот ден во МВР била завршена анализата на примероците од плунка земени од родителите на Дениса Маркоска, 23-годишната прилепчанка која на 12-ти септември исчезна во Егејското Море од бродот Серенисима на кој работела, пишува Канал 5.denisa brod1

ДНК-примероците од родителите се завршени и испратени преку Интерпол во Грција, изјави за Канал 5, Марија Јаковлеска, портпарол на МВР.

ДНК-примероците од Македонија треба да бидат доставени до островот Родос каде ќе се споредуваат со ДНК-профилот на женско лице кое во саботата е најдено во водите на Егејското Море, а за кое грчките власти се сомневаат дека можеби е телото на Дениса.

Во понеделник македонските власти биле известени за најденото тело по што од родителите на Маркоска е земена плунка за анализа и споредба која ќе се врши во Грција. Родителите се незадоволни од односот на надлежните институции кон нив и ќе инсистираат на паралелна обдукција и анализа и во Македонија, потврдија за Канал 5 роднини на исчезнатата 23-годишна Дениса Маркоска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1