На Локалните избори во Охрид до 10 часот гласачкото право го искористиле 5,2 отсто од граѓаните.
Од ОИК информираат дека изборниот процес се одвива без регистрирани какви било нерегуларности.
Во Општина Дебрца до 10 часот на гласање излегле околу 15 проценти од гласачите, а изборниот процес се одвива во фер и демократска атмосфера.
Гласањето непречено и без проблеми се одвива и во Струга, каде до 10 часот на изборите излегле 6,6 проценти од граѓаните со право на глас