До 18 часот одлука – Ќе има ли заедничка листа на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Струга


Дали СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, ќе имат заеднички настап во Струга, ќе одлучи Управниот суд во Скопје кој во моментов заседава, рокот да ја донесе одлуката е до 18 часот. 

upraven sudДо ова дојде откако ОИК Струга на итна седница, што се одржа синоќа, спротивно на одлуката на ДИК која ја поништи кандидатсклата листа за советници на ВМРО ДПМНЕ во Струга, не ја прифати предложената листа на советници на СДСМ.

Подносителот на кандидатската листа ја обжалил одлуката на ОИК Струга до Управниот суд во Скопје, кој по истата треба да се изјасни во рок од 6 часа. Од СДСМ очекуваат судот да ја потврди одлуката на ДИК, за која според нив, ОИК не смеела да расправа.

Се очекува одлуката по однос на новонастанатата политичка ситуација во Струга, Управниот суд да ја  донесена најдоцна до 18 часот.

Макфакс

ПАДНА ОДЛУКА – УПРАВНИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ: ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ ЗАЕДНО ВО КИЧЕВО

ОЧАЕН ОБИД НА ОИК ВО СТРУГА – ЈА ОТФРЛИЈА ЛИСТАТА НА СДСМ И ВМРО – ДПМНЕ И ПОКРАЈ ОДЛУКАТА НА ДИК
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1