Сончево и топло ќе биде денеска и во наредните два дена, а во попладневните часови, претежно во планинските подрачја, ќе има појава на локален пороен дожд со ретки грмежи, соопшти УХМР.
Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината и ќе се движи од 23 до 30 степени.
Пооблачно и понестабилно, особено во северните и источните делови, ќе биде в петок кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе опадне за околу пет степени и ќе биде во интервал од 17 до 25 степени.
В сабота ќе има преодно стабилизирање на времето, а од недела попладне се очекуваат нови врнежи од дожд.