До година ѓубре ќе фрламе со картички


Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, во гостувањето на „Топ тема“ најави дека до година жителите на Скопје кои живеат во згради, в година ќе фрлат ѓубре со картички.

Како што појасни Шилегов, контејнерот нема да се отвора доколку не се покаже картичката. Имено, за секоја зграда ќе има наменет контејнер, кој ќе работи со тие картички.

Тој појасни дека и новите контејнери кои ги купи градот и ги распредели во минативе денови по општините, имаат можност да бидат „паметни“, односно да јавуваат дека се полни, за да дојде камионот и да ги испразни

Шилегов вели дека сега ги имаат контејнерите, а се чека да се реализира тендерот за „Смарт сити“, па да се инсталира програмата за „паметни контејнери“.

Неговата визија е секоја куќа во Скопје да има по неколку канти за селектирање отпад, но за тоа треба и да почне со работа „Дрисла“, односно да се воспостави систем на селекција и таму. Инаку, се би било залудно, вели Шилегов.

Тој призна дека и по изгласувањето да се одземе „Дрисла“ на концесионерите, сепак Италијанците се уште ја имаат во владение „Дрисла“, од каде тврди дека не се почитува одлуката на Град Скопје за преземање на депонијата под своја капа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1