До крајот на годинава слонови во Зоолошката градина


По 24 години во скопската зоолошка градина ќе пристигне слон. Живеалиштето се гради со полна пареа. Се прави комфорен дом за два слона, но се мисли и на дел за нивни иден потомок. 263283_slonic-ap_f

Проектираното живеалиште за слонот, кое во моментов е во изградба, се состои од внатрешен и од надворешен дел. Се наоѓа на местото на старото живеалиште на јаковите, биковите и ноевите.

Надворешното живеалиште, како примарно, ја пресликува природната околина на слонот, при што ќе се обрне внимание на подлогата, водните простори, елементите за декорација и анимација на слонот и целото е обвиено со зеленило.

Внатрешното живеалиште е составено од дел за набљудување, дел за предвојување каде што слонот се храни и спие, дел за посетители и дел за негуватели. Поради посебниот начин на нега, планирани се специјални прегради меѓу делот за негуватели и делот за предвојување, каде што се чистат ушите на слонот и се одржуваат ноктите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1