Времето до крајот на месецот ќе се задржи претежно стабилно време со посвежи утра. Дневната температура ќе биде во пораст, а од недела на некои места ќе го надмине и просекот за овој период.
Утре максималната температура ќе достигне до 35 степени, во сабота 36, недела 38, понеделник 39, вторник 38 и четврток до 37 степени.
Минималната температура ќе се спушти утре до четири степени, во сабота 6, неела седум, понеделник 8, вторник и среда до 10 степени.
Во вторник ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за локален краткотраен дожд.