Проектот за Милениумскиот крст на Водно ќе биде целосно завршен до крајот на годината. Според проектот, ќе се уреди површина од 3.000 квадратни метри каде ќе се изградат три летниковци и детско игралиште
Како што за Алфа изјави првиот човек на ЈСП „Скопје“, изведувачот треба да го заштити крстот од корозија, да го осветли и да спроведе одвод. Освен тоа, вели – ќе треба да го промени лифтот, кој нее технички изсправен.
На јавното наддавање организирано од ЈСП, фирмата „Турбоинженеринг“ е избрана како најповолна да го догради објектот, која за 1,1 милион евра ќе ја заврши работата.
Според идејното решение, во рамките на крстот планирано е да се гради и црква со конаци.
Православниот христијански симбол на Водно, висок 66 метри, е пуштен во употреба во 2002 година.