Професорот Милтон Вајнрајт и неговиот тим од Универзитетот „Бакингем“ на балон за собирање примероци што лебди на височина од 27 километри над површината на Земјата, откриле мала метална топка во која имало билошки материјал.
Тимот, кој тврди дека топката е доказ за вонземски живот, го испратил балонот во стратосферата со цел да собира микроскопски честички на големи височини, кои потоа научниците ги проучуваат и анализираат.
Вајнрајт тврди дека од внатрешноста на металната топката, која е изработена од титаниум и ванадиум, излегла густа биолошка течност.
Постојат неколку теории за потеклото на топката, а една е дека станува збор за комплексен микроорганизам кој требало да создаде вонземскиот живот на Земјата. Друга теорија објаснува дека целта на топката е да ги зарази Земјаните со непознати болести, а трета дека таа допатувала до Земјата со некоја комета.
Добитникот на Нобеловата награда за медицина, сер Францис Крик разви научно-фантастичната теорија дека тоа можеби е „семето на животот“.
Топката при судирот со балонот направила мал кратер на опремата, а Вајнрајт тврди дека станува збор за „минијатурна верзија на кратерот кој настанал од ударот на астероидот што ги убил диносаурите“.
Професорот и неговит тим сметаат дека кратерот е клучен докази оти честичката допатувала од Вселената, затоа што, според нив, ништо на Земјата не патува со толкава брзина.