Доаѓа студен бран: невреме и силен ветар во Словенија и Хрватска


Силно невреме со ветар од 100 километри на час синоќа ги погодило Словенија и Хрватска, каде три лица биле полесно повредени. Невреме со грмотевици и силен дожд имало во Љубљана и Марибор, а најлошо во Хрватска било во Загреб и Истра

На словенечкото приморје ветарот дувал до 100 километри на час, а ладниот бран ги намалил температурите во земјата за десеттина степени целзиусови. Во Љубљана  од 37 степени, температурата паднала на 14.
Силниот ветар во Љубљана и Копар корнел дрва, уривал кровови и превртувал возила.Бранот заладување го зафатил и хрватските градови. Невремето предизвикало хаос во локалниот сообраќај , а едно лице било повредено во Загреб, кога на него паднала искршена телевизиска антена.
Во невремето во Истра биле повредени двајца Италијанци и причинета е голема материјална штета. Повеќе едрилици и чамци биле насукани на јадранскиот брег.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1