Ирската влада целосно го прими износот кој што Европската комисија им нареди на Apple да го уплатат поради даноците и каматите. Станува збор за вртоглава сума повисока од 14 милијарди долари, но Ирците не само што не ги сакаат тие пари, туку и поднеле жалба на одлуката дека мора да ги примат парите.
Но, со оглед на тоа што Европската комисија донесе одлука дека парите мора да бидат земени, Ирците сега ќе ги чуваат на посебна сметка додека не се донесе одлука на нивната жалба.
Големата вест за милијардите евра исплата изби летото 2016-та година кога Европската комисија донесе одлука дека Apple немале фер даночен третман во Ирска. После тригодишната истрага, заклучено беше дека американската компанија на незаконски начин користи даночни бенефиции во Ирска.
Ирците им дале одредени бенефиции на Apple,па сега американскиот технолошки гигант мора да ја врати таа сума. Од Apple не ја уплатиле целата сума во целост, туку на рати почнувајќи од мај, пренесува „Гардијан“.
Со уплатените средства, во Ирска цела година на пример би можел да се финансира целиот државен здравствен систем.