Добил награда од Нестле 12 евра – му ги дале после 17 години


Компанијата Нестле во 1996 година организирала наградна игра, во која требало во пакувањето Поло бонбони да се пронајде една бонбона со различна боја. Џејмс Барнард кој тогаш имал 11 години, со воодушевување открил дека е добитник на награда.

nestle nagradaТој пронашол една бонбона во зелена боја и веднаш пратил писмо до компанијата Нестле, очекувајќи ја својата награда од 10 фунти (околу 12 евра). Но сигурно не ни помислувал дека за неа ќе чека цели 17 години. Бидејќи тој не добил одговор на писмото, пред неколку недели се одлучил да им се пожали дека не му ги исплатиле неговите 10 фунти. На негово изненадување, набрзо дома му стигнал чек, заедно со кутија бонбони и со извинување.

Во писмото кое тој им го пишал стоело:

„Дали можете да замислите колку 10 фунти му значат на едно 11 годишно дете? За мене тоа беа нови батерии за Гејмбој. Зелената бонбона не ја изедов (но ја лизнав да видам каков вкус има), но ги следев упатставата за награда. Знаете ли колку денес вредат 10 фунти – 15.90, но тоа не е поентата. Наместо тоа, вие ме оставивте со празнина во животов, како што се празни и вашите бонбони во средината. Ви пишувам денес, за ова да не му се случи и на некој друг, и за подобро да сфатите колкаво е вашето влијание врз децата. Вие ја градите иднината. П.С. Си ги сакам моите проклети 10 фунти!“.

Од Нестле му се заблагодариле што ги исконтактирал, му се извиниле што толку чекал за наградата, и му пратиле кутија со неговите омилени бонбони.

nagrada-nestle-2

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1