Добил шест милиони евра, а не сака да ги земе


На засега непознато лице, кое пред шест месеци на белгиската Лотарија освоило шест милиони евра, се уште не му е врачена добивката, јавува Белгиското радио и телевизија (РТБФ).LOTO

Според прес-службата на Hационалната лотарија на Белгија, сумата од 6.176.000 евра, не била подигната до крајниот рок – 13 август.

Ова е вториот ваков случај во историјата, кога белгиската Национална лотарија покренува иницијатива за потрага по среќниот, но неагилен добитник.

Организаторите на лотаријата направиле се за да го откријат сопственикот на лозот со шесте среќни броеви, но без успех. Објавени беа огласи и во холандски, француски и германски медиуми. Исто така, плакати беа истакнати, во 3.400 трговски објекти.

По сево ова, парите одново ќе се влеат во главната добивка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1