Добила отказ поради видео со 11,2 милиони прегледи само на Твитер (ВИДЕО)


Вработената во синџирот ресторани Panera Bread доби отказ откако објави видео на каков начин се подготвуваат макарони со сирење.

Спотот, кој се појави на „ТикТок“ под наслов „Откривајќи ја Панера“, покажува неколку чекори во подготовката на макарони и сирење од еден од популарните американски ресторани за брза храна.

Жената го крева палецот нагоре на крајот од снимањето, а видеото предизвика бројни реакции. Најмногу критики имало во ресторанот затоа што наместо да готват , продаваат замрзната храна. „Некој рече дека има во Панера има болничка храна и ова е доказ за тоа“, коментира еден од бројните кои реагираа на видеото.

Некои признаа дека не разбираат што точно откриваат снимките. „Не разбирам што открила таа. Дали луѓето навистина мислат дека готвачот во Панера прави макарони и сирење?“ е еден од коментарите. „Вака функционира буквално секој ресторан за брза храна, немој да те лажат“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1