Продавачката која добила отказ од еден маркет во Задар заради тоа што била „уловена“ на камерите како се послужува со две парчиња пршута, станала симбол на работничкиот отпор и целата заедница застана зад неа да ја поддржи. Заради нејзниот случај утрово во градот дури и се протестирало.
Сузана Сешо (44), призанала дека го земала од маркетот тоа за што била обвинета, меѓутоа вели дека тоа не е доволна причина за да добие отказ од маркетот каде вредно работела цели 15 години.
-Да, земав две парчиња пршута, но само затоа што наместо до 19, тој ден работевме до 21 часот и не можев да издржам, изјавила Сузана за RTL Денес.
По 15 дена таа добила отказ затоа што консумирала храна на работодавецот без одобрение.
Сузана ја започнала својата правна битка и со судски налог била вратена на работа. Но судот во Задар ја уважил жалбата на работодавецот и сега случајот е повторно вратен на почеток. Таа сега е без работа, а мора да ги плати судските трошоци.
-И да загубам на суд, јас повторно ќе бидам победник. Не се борам само за себе, туку за правата на работниците во цела Хрватска. Таму работев 15 години и знам што се трпевме на работноито место, додала таа.