Добитници и “лузери“: Кој колку доби, а кој загуби во 2014.


Основачот на компанијата за онлајн трговија „Алибаба“, Џек Ма стана најбогат човек во Азија, покажаа податоците на индексот на милијардери на „Блумберг“. Со богатство од 29,2 милијарди долари, Ма го престигна тајкунот од Хонг Конг, Ли Ка-Шинг, кој поседува 300 милиони долари помалку. Воедно финансиската состојба на Џек Ма, меѓу сите милијардери на светот има најголем скок во 2014 година. Неговото богатство има скок од 175 отсто, што претставува најголем скок во оваа година.milijarderi

Во септември тој за првпат излегол на американската берза ”NYSE”, па на Волстрит неверојатниот Кинез бил дочекан со овации. Интересно е и што индексот на иницијалната понуда на неговата компанија е прогласен и за најголем во историјата, а Американците го споредуваат Џек Ма со нивниот Форест Гамп.

● Вредноста на богатството во 2013 година: 10,7 милијарди долари
● Вредноста на богатството во 2014 година: 29,2 милијарди долари
● Процент на раст на богатството: 173%

На второто место се најде Ворен Бафет, чие богатство скокна за 13.5 милијарди долари, или процентуално 23, на вкупно 72.6 милијарди долари. Третиот милијардер со најголем скок е основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, чие конто се зголемило со 10.5 милијарди долари и сега поседува 83.1 милијарди долари.Бил Гејтс и понатаму е најбогатиот човек во светот, со богатство од 83,1 милијарда долари, а помеѓу останатото, тој профитирал и од добрата година во компанијата”Berkshire Hathaway“, удел кој му носи најголема заработка по неговото излегување од ”Microsoft“.

Од друга страна пак, меѓу оние кои најмногу загубија, листата ја предводи рускиот милијардер Леониде Микелсон, со намалување на богатството од 17 на 10 милијарди долари.

Ова е листата на оние кои добија и загубија во оваа година, а ја состави Wealth-X

Добитници:

dobitnici

1. Џек Ма – Alibaba

Состојба во декември 2013-та: 10.7 милијарди долари.

Состојба во декември 2014-та: 29.2 милијарди долари.

Зголемување: 18.5 милијарди долари, + 173%.

2. Ворен Бафет – Berkshire Hathaway

Состојба во декември 2013-та: 59.1 милијарди долари.

Состојба во декември 2014-та: 72.6 милијарди долари.

Зголемување: 13.5 милијарди долари, + 23%.

3. Бил Гејтс – Microsoft

Состојба во декември 2013-та: 72.6 милијарди долари.

Состојба во декември 2014-та: 83.1 милијарди долари.

Зголемување: 10.5 милијарди долари, + 14%.

4.  Марк Цукерберг – Facebook

Состојба во декември 2013-та: 24.7 милијарди долари.

Состојба во декември 2014-та: 33.1 милијарди долари.

Зголемување: 8.4 милијарди долари, + 34%.

5. Патрик Драхи – Altice

Состојба во декември 2013-та: 7.8 милијарди долари.

Состојба во декември 2014-та: 12.9 милијарди долари.

Зголемување: 5.1 милијарди долари, + 65%.

Губитници:

zagubija

1. Леонид Микелсон – Novatek

Состојба во декември 2013-та: 17 милијарди долари.

Состојба во декември 2014-та: 10 милијарди долари.

Загуба: 7 милијарди долари, -41%.

2. Масајоши Сон – SoftBank

Состојба во декември 2013-та: 19.1 милијарди долари.

Состојба во декември 2014-та: 13.2 милијарди долари.

Загуба: 5.9 милијарди долари, -31%.

3. Луј Че Ву -Galaxy Entertainment Group

Состојба во декември 2013-та: 19.6 милијарди долари.

Состојба во декември 2014-та: 14.1 милијарди долари.

Загуба: 5.5 милијарди долари, -28%

4. Џеф Безос – Amazon

Состојба во декември 2013-та: 34.4 милијарди долари.

Состојба во декември 2014-та: 28.9 милијарди долари.

Загуба: 5.5 милијарди долари, -16%.

 5. Шелдон Аделсон – Las Vegas Sands Corporation

Состојба во декември 2013-та: 35.3 милијарди долари.

Состојба во декември 2014-та: 30.1 милијарди долари.

Загуба: 5.2 милијарди долари, -15%

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1