Добро вино, деликатесна храна и музика за сечиј вкус – од 6 мај „Пролетен Вино Фест“


„Веро Центар“  оваа година го организира четвртиот по ред „Пролетен Вино Фест“, односно „ Spring Wine Festival”.

Од 6 мај до 10 мај, пред отворениот паркинг простор во склоп на “Веро Центар“ посетителите секојдневно ќе имаат можност да уживаат во добро вино, деликатесна храна и музика за сечиј вкус.vinski festival jpg

На овогодинешниот вински фестивал го славиме виното преку селективно одбрани домашни винарии во кои посетителите ќе имаат можност да дегустираат сортни македонски вина  по промотивни цени.

Посетителите покрај дегустацијата на доброто вино и деликатеси ќе имаат можност да се забавуваат со одлична музика. Најавени се музички имиња од мекедонската естрада како и од соседството.

Меѓу бројните музички ѕвезди свој настап ќе имаат култните Last expedition, легендарниот Игор Џамбазов како и црногорскиот шармер Бојан Маровиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1