Претседателот на Република Српска Милорад Додик е повикан на информативен разговор во својство на осомничен во предмет во врска со одржување на референдумот за Денот на РС, јави Фена.
Во Обвинителството и е потврдено на агенцијата дека Додик е повикан да сведочи во предмет што се однесува на неизвршување одлуки на Уставниот суд на БиХ. Обвинителството на БиХ претходно соопшти дека во врска со тоа собира одредени докази и неколку лица ќе бидат повикани на сослушување.
Весникот Дневни Аваз повикувајќи се на извори во Стејт департментот објави дека САД бараат санкции за организаторите на референдумот во РС.
– Тие кои ги поткопуваат дејтонските институции мора да се сметаат за одговорни за своите дестабилизирачки акции – објави весникот.