Договорот се потпишува на роденденот на Нимиц


На Метју Нимиц, посредникот во спорот за името, денес му е роденден. Според неговата биографија, Нимиц е роден на 17 јуни 1939 година во Бруклин. Тој денеска полни 79 години.

Случајно, договорот се потпишува токму на роденденот на дипломатот кој 24 години од својата кариера посвети на изнаоѓање решени на спорот за името меѓу Македонија и Грција.

Минатата година, светските медиуми го опишаа како човек кој целата своја кариера ја посветил на еден збор.

– Сакам нешто да биде јасно. Јас не го поминав секој буден момент во минатите години размислувајќи за зборот„Македонија“. Веројатно мислев на тоа повеќе од кој било друг, вклучително и во земјата. Но, морам да разочарам некој што мисли дека тоа е моја работа со полно работно време- изјави Нимиц по тој повод.

Нимиц беше вклучен во преговорите од 1994 година. За посредувањето во спорот досега земал 24 долари, по еден долар за секоја година. Кога се вклучи, беше специјален пратеник на на тогашниот американски претседател Бил Клинтон. Но, од крајот на 1999 година е личен претставник на генералниот секретар на ОН.

NEZAVISEN.MK

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1