„Дојче Банк“ пропаѓа, Владата на Меркел нема да ја спасува


Акциите на најголемата германска банка „Дојче Банк“ денеска паднаа на најниско ниво во последните 24 години, јави дописникот на МИА од Берлин.deutche-bank

Акциите на најмоќната банкарска институција во Германија само денеска паднаа за шест отсто на ниво од 1992 година, откако германската канцеларка Ангела Меркел ја отфрли можноста државата „да троши пари за спасување на финансиски компании“.

Најновата криза на „Дојче Банк“ започна пред една недела кога беше објавено дека американските власти од менаџментот ќе бараат околу 12 милијарди евра во врска со извршени неправилности за време на последната финансиска криза во САД.

Само во текот на 2016 година вредноста на акциите на банката паднаа за една половина, а дополнителен удар за неа се и ниските каматни стапки и влошената економска состојба во еврозоната.

Во јули оваа година финансиските пазари беа шокирани откако банката откри дека нејзината нето добивка во првата половина од годината изнесувала околу 14 милиони евра, што е пад за 98 проценти однос на истиот период лани.

„Дојче Банк“ со децении е најголемата германска финансиска компанија. Таа е основана во 1870 година во Берлин, а сегашното седиште и е во Франкфурт. Во 2015 година банката имаше приходи од 33,5 милијарди евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1