За едните победник е Заев, бидејќи Груевски отстапил од својата цврста позиција од пред неколку месеци, дека предвремени избори нема да има. Сите тие од најсигурни извори во Брисел слушнале дека преодна влада ќе има, па дури и дека во неа нема да има место за Груевски. „Најхрабрите“ од нив искочија и со листа барања, од која дел нема никаква врска со избори, како на пример целосен прекин на проектот Скопје 2014!
Од другиот табор воопшто и не зборуваат за преодна Влада, туку го слават моментот дека опозицијата ќе мора да се врати во институциите, а народот на избори ќе реши кој ќе го добие следниот мандат. И тие уверени во себе го слават секој компромис како победа
Сепак се чини победници и лузери нема – зошто изгледа за ништо не не бива сами па мораше да дојдат странците да ни ги истегнат ушите. Сепак погледнете ги фаците на Заев и Груевски при давањето на изјавата на Хан по средбата… Може да препознаете кој е лузер а кој победник?