Се превртувате во кревет и не ви доаѓа сон? Ако е полна месечина со право може да ја обвините за тоа тврдат научници од Универзитетот во Гетеборг – Велика Британија.
По анализирањето на навиките за спиење за време на полна месечина и кај ”нормални” ноќи, тие заклучиле дека луѓето спијат 25 минути помалку за време на полна месечина.
Научниците веќе имаат докази дека ритамот на човечкото тело, односно начинот на кој телото функционира е поврзано со 24-часовната ротација на земјата, а очигледно се повеќе влијание има и месечината.
Претходни истражувања покажаа дека луѓето сонуваат необични и живописни соништа во ноќта на полна месечина, што е можен остаток од еволутивното наследство. Предците за време на силната светлина на месечината оделе на лов.