Испитувајќи ги навиките и карактеристиките на креветните дрвеници (bed-bugs), тие дошле до заклучок дека овој микропаразит, кој се вовлекува во постелата и мебелот, побрзо се вирее на одредени бои.
Така, црвената и црната боја на материјалите овозможуваат плодно место за дрвениците, додека според испитувањата, жолтата и зелената боја ги одбиваат. Боја која исто така треба да се избегнува е портокаловата.
Иако прво верувале дека црвената ги привлекува бидејќи е бојата на крвта, научниците подоцна откриле дека таа делува како оптичка илузија. Нивните обвивки се темно црвени, па бубачките веруваат дека се движат кон голема група на припадници од нивниот вид.