Доктор Хаус решил вистински медицински проблем?


Цела година еден германец страдал од серија на симптоми кои станувале се` полоши, а лекарите не биле во можност да ја одредат причината. Неговото срце почнало да откажува, видот и слухот му се влошиле, страдал од гастричен рефлукс, му отекле и лимфните жлезди, а често имал и висока температура.

houses-wallpapers--house-md-house-md-hugh-laurie-dr-gregory-house-picsСо други зборови, прогнозата била лоша. Идејата за тоа што може да му е на пациентот излегла благодарение на една епизода од популарната телевизиска серија „Доктор Хаус“ каде брилијантниот доктор Грегори Хаус поставува дијагнози на нерешливи случаи. Еден од германските лекари кој го примил 55 -годишниот пациент се сетил на една епизода во која тимот на доктор Хаус се сомневал на труење со кобалт. Сомневањето било потврдено и кај овој пациент, а труењето настапило поради тоа што носел вештачки колк кој бил заменет со керамички.

„Откако беше заменет вештачкиот колк, работата на срцето се подобрило, пациентот нема температура, а се е во ред и со желудникот. Слухот и видот делумно се подобриле бидејќи оштетувањето од кобалтот било премногу големо.

Лидерот на медицинскиот тим Јирген Шефер вели дека епизодата од „Доктор Хаус“ му помогнала бидејќи станал свесен за проблемите кои може да ги предизвика овој метал. Серијата „Доктор Хаус“ е снимана според вистински медицински случаи, па доктор Шефер често ја користел во предавањата на студентите за да им го привлече вниманието кон ретки или невообичаени болести.

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1