Доктор „закопан” пред 20 години го пронашле жив – во шума


Карлос Санчез Ортиз де Салазар исчезнал без трага пред дваесет години. После исцрпна потрага, докторот бил прогласен за мртов. Пред две недели бил пронајден – во шума.

Скршените родители пред цели две децении го „закопале“ синот, млад и перспективен шпански доктор. Иако тој никогаш не бил пронајден, потрагата била завршена бидејќи не давала никакви резултати. Па така, Карлос Санчез Ортиз де Салазар од Севиља во 2010 година и официјално бил прогласен за мртов, на 15 годишнината од неговото исчезнување.03-karlos-78-3309746-image-a-39_1447067703849

Во 1995 година Карлос имал 26 години и боледувал од депресија. Дваесет години подоцна, пред две недели, неговите родители примиле вест на која не се надевале ниту во најлудите соништа: „Вашиот син е жив“.

Имено, двајца берачи на печурки наишле на него и неговиот шатор во Тоскана во Италија. Тој им се претставил и им рекол дека е Шпанец кој се вика Карлос и кој во таа шума живее веќе 20 години. Им го покажал и својот прастар пасош и им објаснил дека нема смисла да кажат во институциите каде се наоѓа, бидејќи штом ќе заминат, ќе ја промени локацијата, пишува Daily Mail.01-9746-Carlos_Sanchez_Ortiz_De_Salazar_abandoned_civilisation_in_1995

Тие сепак контактирале со шпанскиот завод за исчезнати личности кој многу брзо ги лоцирал родителите на Карлос. Тие веднаш одлетале во Италија за да го пронајдат, но Карлос веќе не бил таму.

„Нам, како родители, ни е многу важно да знаеме дека е жив, но загрижени сме за неговото здравје. Ги почитуваме неговите желби и неговата слобода, но нема да се смириме додека не успееме барем да го прегрнеме, па макар и за последен пат. Ние само сакаме тој да е добро“, изјавила неговата мајка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1