Доктори, инженери, информатичари – бегалците кои преку Македонија бараат спас во Европа


Доктори, инженери, информатичари се професиите на некои од бегалците кои ги затекнавме во „ничијата земја„. Има и цели семејства. Сите бараат подобар живот и бегаат од војните и сиромаштијата во нивната земја. Не бараат милостина само помош да стигнат до „ветената земја„ во ЕУ и да бидат третирани како луѓе, а не како стока, пишува Вечер во својата сторија.

Некои чекаат криумчарите да им организираат превоз до северната граница за што велат дека ќе ги чини 700 евра, а некои пак на своја рака се обидуваат, пеш, со воз или автобус, но најчесто тоа е неуспешно и повторно завршуваат во некои од центрите во Грција и на ничијата земја на стотина метри од Гевгелијаbegalci

Немам каде да се вратам, ниту пак сакам да се вратам. Мајка ми и татко ми се таму, а јас и брат ми сме заглавени тука веќе десет дена. Одиме за Шведска и некако ќе стигнеме таму. Вака ја почнува својата приказна Сириецот Исмаил кого го затекнавме во една продавница во Гевгелија.

Тој купуваше храна, цигари и чорапи за себе и за својот брат. Во продавницата беа и неколку мигранти од Авганистан. Знаат дека не се невидливи и дека отскокнуваат во околината, но не делуваат загрижено.

Некои од нив сакаат да разговараат, некои не или пак не знаат англиски.
За половина час во продавницата дојдоа дваесетина мигранти. До нив гевгеличани од околните куќи и згради, купуваат леб и јогурт за појадок. Гласно коментираат дека сопственикот треба да порача повеќе векни леб за наредното утро.

-Побегнав за да не загинам. Тоа е приказната и тоа е вистината. Ќе ја чуете од многумина. Сакам да одам во Шведска и таму да барам азил и да продолжам со нормален живот. Не знам како да стигнам до таму. Имам пари за да го платам транспортот, но чекам да ми се јават. 700 евра ќе ме чини, раскажа Мухамед.

– Не сме криминалци ниту терористи. Сите не гледаат така, за жал. Меѓу нас има и образувани луѓе, но битното е дека сите сме чесни и работници. Сакаме само слобода и подобро да живееме, зарем тоа е проблем, вели Мухамед, забар од градот Даир ал Зар.

– Јас сакам само подобар живот за моиве деца. Многу ли е тоа што го барам, вели Омар.

Тој неколку пати не замоли да однесеме еден од синовите за Скопје, но не се разочара кога го одбивме. Навикнат е.

Целата сторија на – Вечер

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1