Докторите и медицинските сестри ќе учат БОН – ТОН


Министерството за здравство започнува со спроведување едукација на здравствените работници од јавните здравствени установи, со цел постојано унапредување на хоспиталната култура.

-Станува збор за организирани обуки за здравстеви работници на вработените во јавните здравствени установи, кои го опфаќаат постојано вработениот и нововработениот медицински кадар, како и административно техничкиот персонал при што обуките се спроведуваат согласно Протоколот за хоспитална култура, објасни министерот за здравство, Никола Тодоров.

lekariЕдукациите за хоспитална култура ќе почнат со тридневна обука на шест групи од здравствени работници или околу 300 учесници.

-Во текот на едукациите за хоспитална култура, особено внимание ќе посветиме на аспектите на ефективна комуникација, развивање комуникациски вештини и идентификување на потребите на пациентите, како и техники за совладување на комуникациските бариери. Предвидени се и предавања кои се фокусираат на аспектот на емпатија во односите со пациентите и нивните блиски, градење односи на меѓусебна доверба и разбирање, значењето на невербалната комуникација и нејзино усогласување со вербалната комуникација, а воедно и целокупна примена на етичкиот кодекс на однесување во комуникацијата со пациентите, потенцира Тодоров.

Во рамки на едукациите посебен акцент е ставен на улогата и примената на Протоколот за хоспитална култура во секојдневото работење на јавните здравствени установи.

Целта на овие предавања е да се подобри комуникацијата помеѓу здравствените работници со пациентите, но и комуникацијата меѓу самите здравствени работници.

-Во претстојниот период предвидуваме спроведување на 20 обуки на целата територија на Република Македонија, со што ќе опфатиме 1.000 здравствени работници од различни профили: доктори, медицински сестри, како и останат персонал, односно овие обуки ќе ги издигнеме на регионално ниво и покрај во Скопје, ќе ги организираме и во Охрид, Битола, Штип и Велес, подвлече министерот за здравство.

Преку овие обуки се очекува подобрување на здравствените услуги и градење на Пациент- Центричен систем.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1